Електронски Зелен Пазар (ЕЗП) е иновативна веб платформа која им овозможува на производителите на земјоделски производи од РС Македонија да ја изградат својата онлајн продавница, пилјара, тезга (штанд) и да ги продаваат своите производи на потрошувачите од целата територија на РС Македонија- онлајн. Оваа платформа е наменета како за физички, така и за правни лица, што значи дека и индивидуалните производители подеднакво како и регистрираните фирми можат да ги користат предностите во работењето што ги даваат сервисите и технологијата на ЕЗП.

ЕЗП е дизајниран за да биде лесен и едноставен за употреба, без потреба од предзнаења од областа на програмирање или е-комерц работењето. Производителите можат да го креираат својот виртуелен штанд со име, опис, слики, цени и услови за нарачка, плаќање и достава. Ова им овозможува да ги промовираат своите производи и да ги продаваат директно на потрошувачите, без посредници и дополнителни трошоци.

Една од најголемите предности на ЕЗП е што ги олеснува процесите на маркетинг и продажба за производителите. Со креирањето на својата онлајн продавница, продавачите добиваат пристап до широк круг на потрошувачи од целата територија на РС Македонија. Исто така, производителите имаат можност да ги искористат различните онлајн модерни маркетинг стратегии и промоции за да го зголемат бројот на продажби и да ги задржат своите постоечки клиенти и да ја наградуваат нивната лојалност.

Потрошувачите, пак, имаат лесен пристап до голем избор на свежи и квалитетни земјоделски производи од различни производители од целата територија на РС Македонија. Преку ЕЗП, тие можат да ги разгледуваат производите, да ги споредуваат цените и карактеристиките и да ги нарачуваат онлајн. Ова им овозможува да штедат време и енергија, и да ги добиваат производите директно на својата адреса – пред врата.

ЕЗП ги поддржува сите фази на процесот на продажба, вклучувајќи ја и доставата на производите. Производителите имаат можност да ги наведат своите услови за достава, како и да ги пратат производите со курирска служба по нивен избор, или да овозможат лично преземање на производите од нивната продавница. Потрошувачите имаат можност да си го изберат најудобниот начин на достава и да ги следат статусите на нивните нарачки.

Електронски Зелен Пазар е иновативна платформа која донесува многу предности за производителите и потрошувачите на земјоделски производи. Оваа онлајн продажна платформа им овозможува на производителите да ги промовираат своите производи и да ги продаваат на широк круг на потрошувачи, додека потрошувачите имаат лесен пристап до квалитетни и свежи производи од различни производители од цела РС Македонија. Со ЕЗП, земјоделските производи стануваат достапни за сите, со што сите ние заедно го поддржуваме развојот на земјоделието во РС Македонија.

ЕЗП ги обезбедува сите потребни функционалности за успешно вршење на онлајн продажба на земјоделски производи. Производителите имаат можност да ги прикажат своите производи во различни категории, што го олеснува пребарувањето и наоѓањето на посакуваните производи од страна на потрошувачите. Исто така, ЕЗП им овозможува на производителите да постават и различни услови за нарачка, плаќање и достава, како што се времетраењето на доставата, начинот на плаќање и сл.

Сигурноста и приватноста на вашите податоци се од голема важност за нас. ЕЗП гарантира дека сите ваши податоци ќе бидат заштитени и чувани во согласност со највисоките стандарди за безбедност и приватност пропишани и санкционирани со законот за заштита на личните податоци на РС Македонија.

Електронски Зелен Пазар е револуционарна платформа која ќе ви овозможи да го проширите вашиот бизнис и да ги продавате вашите земјоделски производи на широк круг на корисници. Креирајте го вашиот профил денес и започнете да ги искористите предностите на ЕЗП.

ЕЗП е производ и сопственост на ЕЛЕКТРОНСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДООЕЛ од Ресен, со адреса: 29 Ноември 1/27, 7310 Ресен, РС Македонија, коешто друштво е основано на 26.11.2018 г., со ЕМБС: 7321180, и ЕДБ: 4024018506557, како резултат од поддршката од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на РС Македонија со мерката „старт-ап“и „спин-оф“ за 2019-2020 г.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.