Поврат на средства и обештетување од страна на ЕЛЕКТРОНСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДООЕЛ

Доколку сте наш член којшто купил некој од нашите пакети за членство на езп продавач, а не сте задоволен од услугите што ги добивате од тој пакет, најдоцна до 30тиот ден откако сте го купиле пакетот можете да побарате враќање на средствата што сте ги платиле, и ние ќе ви ги вратиме во целост, при што вашата езп продавница, со сите објави на ваши производи, ќе биде избришана.

Барање за поврат на средства можете да направите со кликнување овде.

Поврат на средства од страна на ЕЗП Продавачите

При изградбата на езп продавница, секој продавач е обврзан да напише и објави своја политика на обештетување на неговите идни клиенти, којашто политика ќе биде видна на профилот на неговата продавница.

Продавачите се должни да се придржуваат на сопствените политики за обештетување во целост.

Доколку сте купувач кој купил производ од езп продавач, но основано не сте задоволен од производот и сте побарале обештетување од страна на езп продавачот од којшто сте го купиле производот, согласно со неговата политика на обештетување, продавачот е должен да ве обештети според својата политика на обештетување, според содржината како што е објавена до денот на вашата нарачка.

Доколку езп продавачот не ве обештети според пропишаното во неговата политика за обештетување, пријавете го езп продавачот со кликнување овде.

Гаранција

ЕЛЕКТРОНСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР со оваа Политика на враќање и обештетување гарантира за квалитетот на своите услуги, но не гарантира за квалитетот на производите и сулугите на езп продавачите кои гарантираат за истите според одредбите на нивните политики за обештетување, објавени на профилите на нивните езп продавници.

Sign In

Register

Reset Password

Please enter your username or email address, you will receive a link to create a new password via email.