ПОСЕТИТЕЛИ
ЕЗП може да го посети и разгледува секој посетител кој има основен интернет пребарувач, без претходно задоволување на некои дополнителни услови, освен основниот морален услов кој гласи „не им правете на останатите луѓе она што самите не сакате никој да ви го направи вам“, и тоа на веб адресата: www.ezp.com.mk.
Секој посетител, без претходно да биде регистриран како член на ЕЗП, слободно може да пребарува продавачи и производи, при што се обврзува дека нема да ги злоупотребува податоците коишто ЕЗП и ЕЗП продавачите се одлучиле јавно да ги објават, но за да биде во можност да контактира со продавачите и да прави нарачки користејќи го ЕЗП како медиум, претходно ќе треба да се регистрира како корисник и да го изгради својот основен кориснички профил.
РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ
Секој регистриран корисник создава профил со лични податоци (име и презиме, адреса на живеење, email адреса и телефон за контакт). Корисниците се одговорни за точноста на податоците кои ги обезбедуваат при регистрација, а начинот на чување и користење на истите е дефиниран во нашата Политика на приватност.
ЕЗП ПРОДАВАЧИ
ЕЗП Продавачите се регистрирани членови кои избрале еден од нашите пакети за членство на продавачи и со тоа стекнале право да ја изградат, одржуваат и ажурираат својата езп продавница и на неа да ги продаваат своите производи, според условите пропишани во пакетот на којшто се претплатиле.
ЕЗП Продавачите, при изградбата на својот профил на продавач и својата езп продавница, се обврзани да ја објават својата политика на обештетување и стриктно да се придржуваат на содржината на истата.
САНКЦИИ
Доколку било кој посетител, регистриран корисник или езп продавач ги прекрши правилата и условите на користење на езп платформата и за тоа биде пријавен од страна на трета страна, ЕЛЕКТРОНСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДООЕЛ го задржува правото да санкционира во рамките на своите можности (опомена, бришење на профил и тн.), но исто така и во согласност со позитивните законски одредби на РС Македонија.